Руски нафта и гас не прекинаа да течат преку Украина

1 min read

Додека украински политичари и активисти им висат на врат на западни политичари и компании да ги прекинат сите можни врски со Москва и да воведат што е можно построги санкции, во исто време официјален и неофицијален Киев инсистира дека за нив е речиси невозможно да ги прекинат своите комерцијални договори што ги имаат со Русија и константно лобираат да им се дозволи а ги продолжат истите.

Главниот аргумент на нафтобраните е дека комерцијалната врска им обезбедува каква таква заштита против руски воздушни напади. Од украински Нафтогаз објаснуваат дека земјата не може и не смее да ги затвори славините, едно заради приходите што ги собира од таму, а второ затоа што истите тие гасоводи / нафтоводи се уште снабдуваат европски држави. Тие се држат до аргументот за приходи од енергенси и покрај милијардите и милијарди евра загуби што ги има западната индустрија и помошта што западната алијанса ја одвојува за Украина.

Во тајните документи протечени на Дискорд се тврди дека на почетокот од годинава Зеленски бил решен да го крене во воздух нафтоводот Дружба. Сомнежот е дека причина за тоа е да му се одмазди на Орбан за неговите про-руски ставови (Унгарија е еден од главните корисници на Дружба).

Иако се првоосомничени за уништување на гасоводот Северен тек, кој требаше да го обезбеди најголемиот доток на руски гас во  Германија и Европа, Украинците се правдаат и дека не смеат да ги пипнат цевките на своја територија затоа што имаат договори со Русија од пред војната.

„Но Киев исто така инсистираше дека рускиот гас мора да продолжи да тече, дури и во годините откако Москва нелегално го анкетираше Крим во 2014 и ја поддржуваше сепаратистичката војна во Донбас. Украина инсистираше дека треба да ја задржи улогата на транзитна држава, додека истовремено бараше држави како Германија да не и помагаат на Русија да изгради нови гасоводи – став што критичарите го нарекоа дволичен. Сега, Украина порачува дека сите нејзини поддржувачи треба да го намалат или елиминираат користењето на руска енергија,“ пишува Дејвид Стерн во Вашингтон пост.

Дури и акцискиот план објавен минатиот месец што го изработија луѓе од кабинетот на Зеленски и поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол, во кој се наведуваат чекорите што треба да бидат преземени за да се казни Русија, повикува на тоа да се зачува транзитот на руски енергенси преку украинска територија. Во истиот план се бара секнување на сите останати руски гасоводи и нафтоводи до европскиот пазар, вклучително и турскиот Туркстрим.

Еден од чекорите во планот е:

„Да се стави крај на директното снабдување со руски гас на Европската унија, освен преку Украина.“

Договорот што Русија го има со Украина за транзит предвидува исплата од 7 милијарди долари за период од 5 години кој почнува во 2019.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

„Матица македонска“ вечерва ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

Следно

Од 1 јули се најавува враќање на евтината дневна тарифа, но и можно зголемување на ДДВ за струјата од 10 на 18 отсто

Latest from Blog