Обвинувањата продолжуваат меѓу Сали и Меџити – МЗ размислува да поведе постапка против поранешниот министер на АА

August 16, 2023
1 min read

реклама



Продолжуваат обвинувањата меѓу поранешниот министер за здравство Беким Сали и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Сали за модуларната болница во Тетово бара одговорност од Меџити. Тој негира дека извршил исплата на фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки на обвинителството и откривањето на неправилности од внатрешната ревизија. Ревизијата беше речиси неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог дојде во времето кога министер е Фатмир Меџити, нагласува Сали.

„Загриженоста на јавноста не е во тоа што Меџити го бара, туку во неговата одлука и покрај црвените линии да продолжи да ја плаќа наведената компанија. Ќе може ли Меџити јавно да одговори како имајќи го пред себе ревизорскиот извештај, кој сведочи за неправилностите и судскиот процес што е во тек, успеал да се мотивира да бара исплата за таа фирма без да ги расветли овие околности?!“, вели Беким Сали.

реклама

Веднаш следеше реакција на Министерството за здравство,  од каде го велат спротивното. Тие тврдат дека од анализа на интерните документи, јасно е дека Сали никогаш не го раскинал договорот, ги примал и одобрувал амбулантите , кои автоматски го одобрувале плаќањето, а потоа одлучил да не плати, со што генерирале долг и камата од 200.000 евра за граѓаните. Министерството ги анализира законските можности за поведување постапка против Сали за овој случај.

„Беким Сали се плаши да каже која е фирмата што ги изгради модуларните амбуланти? Имено, според документите во Министерството за здравство, целосна лага е она што го кажа Сали на прес-конференцијата на која тврдеше дека го раскинал договорот со изведувачот. Напротив, Сали не само што не го раскина договорот, туку ги зеде амбулантите со што практично ја одобрил нивната исплата“, велат од МЗ.

реклама

Од Министерството за здравство велат дека сите документи кои досега се доставени уште еднаш се доставуваат до Обвинителството за организиран криминал и до МВР. Од таму велат дека досега не е платен ниту денар за модуларните болници и постапката за решавање на овој случај е во Владата, како што се мислењата на обвинителството, внатрешната ревизија и сите придружни документи. Овие коментари и изјави доаѓаат по вчерашната конференција на поранешниот министер Беким Сали, кој упати голем број  обвинувања кон Министерството за здравство, кое самиот тој го водеше над 8 месеци.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Два натпревара суспензија за Чави и Рафиња

Следно

Манчестер јунајтед сè уште чека понуди за Мегваер

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop