Објавени фотографии сведочат за страотноста и обемот на сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

August 10, 2023
1 min read

Фотографиите на својот фесјбук-профил ги објави кавадаречката телевизија КТВ и како што може да се види од нив во собраќајната несреќа учествувале две транспортни возила – комбиња и две патнички возила

Д-р Ратко Грков, началник на Итната помош на локaлната болница за телевизијата изјавил дека кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје

Три екипи на кавадаречката Итна медицинска помош интервенирале на местото на тешката сообраќајна несреќа, која се случи утрово, а во која животите ги загубија две лица, а три се тешко повредени.

Во сообраќајната несреќа кај Росоман учествувале четири возила / Фото: КТВ (Фејсбук)

Ова за локалната ТВ КТВ го потврил началникот на Итната помош од болницата во градот, д-р Ратко Грков.

Според Грков, кај две лица смртта била констатирана на самото место, а тројцата повредени, откако биле транспортирани во Општата болница во Кавадарци, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

„Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во Клиничкиот центар“,

информира Грков.

Бројни траги сведочат за страотната сообраќајна несреќа/ Фото: КТВ (Фејсбук)

Локалната телевизија на својот фејсбук-профил објави фотографии кои сведочат за страотната несреќа и нејзиниот обем.

Во несреќата, како штои и претходно беше соопштено, учествувале четири автомобили. Како што може да се види од фотографиите, станува збор за две транспортни возила – комбиња и две патнички возила.

Две од возилата завршиле во ендек по сообраќајната несреќа / Фото: КТВ (Фејсбук)

Едно од товарните и едно од патничките возила со своите предни делови се наоѓаат надвор од коловозот. На двете страни од коловозот видливи се делови од возилата, како и траги од крв.

Поради сериозните оштетувања на возилата во извелкувањето на повредите инетревнирала и екипа на кавадаречката противпожарна служба.

На местото на несреќата интеревенирала и екипа на кавадаречката противпожарна единица / Фото: КТВ

Сообраќајната несреќа се случи рано утрово, на патот Росоман – Прилеп, во близина на местото викано Камен дол.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николовски: Не е можно линеарно зголемување – зад протестите на пензионерите стои политичко влијание, вели тој

Следно

Монако понуди 22 милиони евра за Закарија, Јувентус сака 25 милиони

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop