Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“, од 1 јуни комплексот почнува со работа

January 29, 2025
1 min read

Продолжуваме со одговорно управување со државниот имот. Денеска во печатените медиуми објавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторантски дел, се вели во соопштението на СОЗР – Служба за општи и заеднички работи

Оттаму велат дека огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

На законски и транспарентен начин ќе биде одлучено кој во иднина ќе стопанисува со „Македонско село“. Изборот ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање, преку системот кој управува и оперира Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи. Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година. Комплексот „Македонско село“ не функционира шест години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби. Во меѓувреме, СОЗР редовно ги подмируваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично досегашните финансиски загуби достигнаа сума од околу 350.000 евра. Веруваме дека со избор на нов концесионер, ќе придонесеме за развој на туризмот, ќе ја стимулираме локалната економија и ќе создадеме нови можности за вработување. Со обновата на комплексот „Македонско село“, ќе се создадат и услови за посети од туристи и домашни гости, што ќе ја зајакне туристичката инфраструктура и понуда во регионот, а истовремено ќе придонесеме и за презентирање на традиционалните македонски занаети, културното наследство и автентичната архитектура, додаваат од СОЗР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собраниската Комисија избра седум кандидати за АВМУ

Следно

Египет вели дека „нема да учествува во неправедниот чин“ за раселување на Палестинците

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop