Египет вели дека „нема да учествува во неправедниот чин“ за раселување на Палестинците

January 29, 2025
1 min read

КАИРО (АА) – Египетскиот претседател Абделфатах ал Сиси денес изјави дека неговата земја нема да учествува во никакво принудно раселување на Палестинците, нарекувајќи го тоа „чин на неправда во кој не може да бидеме дел“, јавува Анадолу.

На заедничката прес-конференција во Каиро со кенискиот претседател Вилијам Руто, Сиси го повтори цврстиот став на Египет за палестинската кауза.

„Не може да се преговара за историските принципи на ставот на Египет за Палестина“, рече Ал Сиси, нагласувајќи ја посветеноста на Египет на дводржавното решение.

„Националната безбедност на Египет не може да биде загрозена. Решени сме да работиме со претседателот [Доналд] Трамп за да постигнеме мировно решение засновано врз дводржавно решение“, додаде тој.

Овој викенд Трамп повика да се „исчисти“ Газа и Палестинците да се преселат во Египет и Јордан, опишувајќи ја енклавата како „место на разурнатост“ по геноцидната војна на Израел.

Каиро и Аман, сепак, жестоко го отфрлија секој повик за раселување или преселување на Палестинците од нивната земја.

Предлогот на Трамп дојде откако стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа на 19 јануари, со кој беше прекината израелската војна во која од 7 октомври 2023 година се убиени над 47.400 Палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се повеќе од 111.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“, од 1 јуни комплексот почнува со работа

Следно

Карабатиќ не ги заборави Начевски и Николов по херојскиот потег во Загреб: Ми олесна кога ги видов (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop