О2 Иницијатива со забелешки за усвоениот буџет за 2024 година: Илјадници починати, а 0 денари за справување со проблемот со аерозагадување

December 28, 2023
1 min read

Во текот на вчерашниот ден, Собранието на Република Северна Македонија го усвои Буџетот за 2024 година.

Според податоците на О2 Иницијативата, од вкупно €6.32 милијарди, на заштита на животна средина се планирани само 0. 83%, од кои за конкретно намалување на аерозагадувањето, одвоени се 0 денари. Според проценката на оваа иницијатива, како и податоците на Државниот Завод за статистика, годишно се собираат околу 230 милони евра од даноците за животна средина, а притоа не се одвоени средства за намалување на аерозагадувањето. 

Од буџетот за следната година, за Министерството за животна средина и просторно планирање се одвоени 43 милиони евра, од кои од основниот буџет 1 се одвоени само €10М за конкретни проекти, главно за водовод и канализација. 

Од О2 иницијатива со загриженост посочуваат дека ако со ова темпо ги решаваме проблемите кои им се битни на граѓаните, нема кој да остане да работи во земјава, а тие што ќе останат ќе си умираат прерано.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бислимовски: Тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, зашто ќе ја пренасочат потрошувачката во евтина тарифа

Следно

Зеленски: Извозот по Црноморскиот коридор за жито достигна 12 милиони тони

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop