Новогодишна престава „Приказна за фамилијата Мраз” викендов во кино Милениум

December 19, 2023
1 min read

На 23 и 24 декември со две изведби од 11 и 13 часот, премиерно ќе биде изведена преставата „Приказна за фамилијата Мраз” во градското кино Милениум.

Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен Театар за деца и младинци, ќе се обидат на комичен, едукативен и крајно забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.

Преставата говори за магичен свет, во кој постојат дури двајца „Дедо Мразовци”. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде „да се упропасти Новата Година”.

Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека имал средба со Палевски и дека нема информации за случајот

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Интервју со Мицкоски за двојното убиство, изборите, О’Брајан, црната листа

Latest from Blog

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се
Go toTop