Ново издание на 360°: Вообичаена одлука или „мала правна брука“ на Стразбур?

1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 17 февруари 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше судијката во Врховниот суд на РСМ и порснешна судијка во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, Мирјана Лазарова-Трајковска

Врховната судија Мирјана Лазарова-Трајковска, која од 2008 до 2017 г. беше судијка во ЕСЧП во Стразбур, не гледа никаков проблем во тоа што на Судот му требаа повеќе од пет години за одлука со која шесте апликации на осуммина осудени и обвинети во случаи на СЈО ги прогласи за преуранети и недозволени (недопуштени). ,,Судот, според новата методологија за работа, не го рангирал како предмет со приоритет, бидејќи тој не покренува прашања поврзани со правото на живот, со тортура, деградирачко постапување, туку сите апликации се насочени кон правото на правично судење, тоа е член 6, па и покрај неговата сложеност и обемност, којашто провејува низ предметот, Судот го става во групата предмети коишто чекаат да им дојде време за одлучување”, вели, меѓу другото, Лазарова-Трајковска. Ја прашуваме и на што мисли Судот кога жалителите ги упатува да ги исцрпат сите правни лекови во домашниот судски систем, а разговараме и за други аспекти на случајот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Телото на фудбалерот Атсу пронајдено под урнатините во турскиот град Антакија

Следно

Туркије: Пронајдено телото на фудбалерот на Хатајспор Кристијан Атсу

Latest from Blog