Туркије: Пронајдено телото на фудбалерот на Хатајспор Кристијан Атсу

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Пронајдено е телото на фудбалерот на турскиот прволигаш Хатајспор, Кристијан Атсу, под урнатините на зграда во Антакија, јавува Анадолу.

Неговиот менаџер Нана Сечере рече дека 31-годишниот фудбалер од Гана починал.

„Жал ми е што морам да ги информирам сите дека телото на Кристијан Атсу е пронајдено утрово. Моето сочувство до неговото семејство и најблиските. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите за молитвите и поддршката“, рече Сечере.

Веста за смртта на фудбалерот ја потврди и клубот.

„Телото на нашиот фудбалер Кристијан Атсу, кој загина во земјотресот, ќе биде пренесено во неговата родна Гана. Нема да те заборавиме Атсу. Почивај во мир. Нема зборови за нашата тага. Спиј во мир“, објави клубот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ново издание на 360°: Вообичаена одлука или „мала правна брука“ на Стразбур?

Следно

Авганистан ја забрани контрацепцијата, била „западен заговор“ против муслиманите

Latest from Blog