НОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА СТОБИ ТРЕБА ДА ДОКАЖАТ ДАЛИ ПОСТОЕЛ ОБЈЕКТ ПРЕД ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛИКА

June 11, 2023
1 min read

Почнаа годинашните археолошки истражувања и конзервација во локалитетот Стоби, откако од Министерството за култура одобрија пари за пет проекти. Тоа се конзервација на резиденцијален и комерцијален кварт од рановизантиско Стоби, конзервација на Јужен бедем и Јужна порта близу храмот на Изида, реконструкција на плоштадот, доистражување и реконструкција на Римски театар и реконструкција на Епископска базилика.

„Годинашниве истражувања на комплексот Епископски базилики вклучуваат простор кој е надвор од нив. Пробуваме, се обидуваме да стигнеме до објект кој треба да е поран од Епископската базилика. Според истражувањата од 70 години, долу се пронајдени остатоци од бања. Со годинашниве истражувања ќе се обидеме да потврдиме постоел или не“ , вели археологот Димитар Николовски.

Од НУ „Стоби“ според првите впечатоци, годинава очекуваат повеќе гости од рекордната 2018. (Фото: СДК.МК)

Од година во година, средствата кои се добиваат од Министерството за култура се сѐ помали и помали, иако цените на материјалите за работа се зголемени, што го скратува периодот за работа на археолозите. Работите на Римскиот театар, годинава 11. по ред продолжуваат. Тоа што посетителите можат да го видат е само четвртина од гледалиштето, кое собирало седум илјади гледачи. Се работи да се врати дел од сјајот од некогашниот објект.

„Годинава работиме на супструкцијата, горниот дел на гледалиштето, каде публиката циркулирала пред да седне на седиштата. Останува 20 отсто од откриените ѕидови да се конзервираат. Целта е да добиеме податоци за театарот за неговата изградба, неговата употреба. Долниот дел од гледалиштето имал 18 редови а горниот 14 до 17. Театарот бил главното обележје на Стоби, место каде се одвивал јавниот живот, освен театар имало и гладијаторски борби“ , вели археологот Гоце Павловски.

И годинава продолжува конзервацијата на Теодосијанската палата, кој се реализира со грант од 300 илјади долари од Фондацијата Каплан од САД, а треба да заврши следната година.

Почетокот на археолошките работи годинава ја отвори сезоната на посетители. Од НУ „Стоби“ според првите впечатоци, очекуваат повеќе  гости од рекордната 2018.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гвардиола: Сега дајте ми признание што освоив пет титули во Премиер лигата

Следно

Во напад на руски дрон во Украина оштетени речиси 300 стана

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop