НОВАТА СТИХОЗБИРКА „НА ВРВ НА ЈАЗИКОТ“ НА АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

June 6, 2023
1 min read

Новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ ) во Скопје. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 40 песни, поделени во седум целини: Забранета љубов, Копнеж по слобода, На врв на јазикот, Претечи, маченички (поетски драми), Неиспратени писма (меѓуциклус), Око соколово (трето око) и Годишни доба.

Книгата ќе ја промовира проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Како е можно со врвот на јазикот да се има синестетички пристап кон светот? Можно е, затоа што поетите знаат не само каде е врвот на јазикот туку и каде е неговиот корен. Тој е во душата. Со врвот на јазикот не се допира другиот, светот, туку сопствената душа, зашто јазикот почнува од душата. А таа гледа сè, слуша сè, допира сè, мириса сè, вкусува сè, затоа што е мудра, а мудроста е, како што пее Катица Ќулавкова, и над јазикот. Мудроста е јазик на јазикот, негова душа“, пишува во поговорот на книгата писателот Венко Андоновски.

Ќулавкова е поетеса, есеистка, теоретичарка, раскажувачка, препејувачка и антологичарка. Редовна професорка (во пензија) по теорија на книжевноста, книжевна херменевтика и креативно пишување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (Катедрата за општа и компаративна книжевност). Ќулавкова е редовна членка на МАНУ (од 2003), членка на Европската академија на науките (Салцбург, од 2014) и потпретседателка на Меѓународниот ПЕН (од 2008).

Нејзините поетски книги се преведени на повеќе јазици (албански, англиски, бугарски, италијански, португалски, романски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски, шпански). Има објавено над 40 авторски книги поезија, огледи и раскази, како и дваесетина приредени антологии, хрестоматии и критички изданија.

Раководела со повеќе републички и меѓународни истражувачки проекти. Основачка е на е-списанието за компаратистика „Мираж“ и на мултијазичната колекција „Разноликост“ на Меѓународниот ПЕН, а претседавала шест години и со неговиот Комитет за превод и јазични права. Добитничка е на највисоката државна награда „11 Октомври“ за животно дело, како и на многубројни награди за поезија, критика и есеистика во земјата и во странство.

Книгата „На врв на јазикот“ е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку нивната страна.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Уништена важна брана кај Херсон, Зеленски свика итен состанок

Следно

Уништувањето на браната Каховка може да има негативни последици за нуклеарната централа

Latest from Blog

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат

ЕСМ ќе купува три години јаглен од косовски КЕК

Во следните три години македонското државно акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе купува јаглен од косовската државна енергетска корпорација КЕК. Со одлука на македонската Влада е склучен стратешки договор со
Go toTop