(ВИДЕО) Уништена важна брана кај Херсон, Зеленски свика итен состанок

June 6, 2023
2 mins read

Браната Нова Каховка ја минува огромната украинска река Днепар, задржувајќи голем резервоар со вода. Самата брана е висока 30 метри и широка стотици метри. Изградена е во 1956 година како дел од хидроцентралата Нова Каховка

Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната Нова Каховка.

„Во моментов се разјаснуваат обемот на уништувањето, брзината и количината на вода, како и веројатните области на поплави“,

објави командата на својата Фејсбук страница.

Руските и украинските корисници на социјалните мрежи рано утринава објавија дека браната е уништена.

Украинскиот гувернер на Херсонската област Олександр Прокудин објави видео на Телеграм во кое вели дека како резултат на оштетувањето на браната Нова Каховка „водата ќе достигне критично ниво за пет часа“ и дека евакуацијата е започната.

Како што информира Олександр Прокудин, локалните жители веќе почнале да се евакуираат од опасните подрачја. Тој потврди дека Русите ја демолирале Каховка и ги повика што поскоро да ги напуштат опасните места.

Зеленски: Руски терористи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави видео од уништената брана нарекувајќи ги руските сили во Украина „терористи“.

„Руски терористи. Уништувањето на браната во хидроцентралата Каховка само му потврдува на целиот свет дека мора да бидат исфрлени од секој агол на украинската територија. Не треба да се остават ниту еден метар, бидејќи секој метар ќе го искористат за терор“,

објави Зеленски.

Украинскиот Совет за национална безбедност објави дека претседателот Зеленски ќе одржи итен состанок со државниот врв во врска со уништувањето на браната Нова Каховка.

Браната Нова Каховка во окупираниот дел на украинската област Херсон во јужна Украина е уништена, предизвикувајќи поплави на таа територија, потврди руската агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван, но информиран извор.

Друга руска државна новинска агенција, РИА, го цитираше прорускиот градоначалник на градот Нова Каховка дека „горниот дел од браната бил уништен со гранатирање“. Истиот градоначалник во претходниот извештај негираше дека браната е крената во воздух.

Зошто е важна браната кај Херсон

Браната Нова Каховка ја минува огромната украинска река Днепар, задржувајќи голем резервоар со вода. Самата брана е висока 30 метри и широка стотици метри. Изградена е во 1956 година како дел од хидроцентралата Нова Каховка.

Големиот резервоар содржи приближно ист волумен на вода како Големото Солено Езеро во Јута. Пукањето на браната би можело да испрати ѕид од вода и да ги поплави населбите под неа, вклучувајќи го и Херсон, кој украинските сили го ослободија кон крајот на 2022 година.

Водата од резервоарот го снабдува полуостровот Крим на југ – анектиран од Русија во 2014 година – како и нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – на север.

Помага и во работењето на хидроцентралата Нова Каховка. Уништувањето на браната дополнително ќе ги влоши тековните енергетски проблеми на Украина, откако Русија ја таргетираше клучната енергетска инфраструктура со недели претходно оваа година. Тоа би го уништило и каналскиот систем кој наводнува поголем дел од јужна Украина, вклучувајќи го и Крим.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во текот на ноќта Русите извршија серија нови воздушни напади врз Киев

Следно

НОВАТА СТИХОЗБИРКА „НА ВРВ НА ЈАЗИКОТ“ НА АКАДЕМИК ЌУЛАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop