НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

September 30, 2026
1 min read

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските земји се директно вклучени во конфликтот преку воена поддршка на Украина, додавајќи дека ваквите активности го одложуваат крајот на војната.

Тоа беше нејзиниот одговор на прашањето за подготвеноста на Полска да изгради фабрика за производство на пресретнувачки ракети за системот „Патриот“ за Украина на нејзина територија.

– Фабриките за оружје во европските земји што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија и не треба да се мисли дека воените фабрики надвор од украинската територија што произведуваат оружје за режимот во Киев ќе бидат безбедни. Секој што мисли така греши, рече Захарова.

– Европските земји се директно вклучени во украинскиот конфликт. Тие не само што даваат помош. Со отворање фабрики за оружје и заеднички вложувања, тие се целосно вклучени. А тоа само го одложува решавањето на конфликтот, наместо да помага, како што мислат или замислуваат некои сили во Европа, додаде таа.

НАТО и многу европски земји изјавија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина и да ѝ помагаат да ги потисне руските сили и да продолжат да соборуваат руски беспилотни летала и ракети.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

​Astronomët kanë zbuluar një planet në zonën e banueshme të yllit më të nxehtë të gjetur ndonjëherë

Следно

Во првиот меч по ерата на Лео Меси, Аргентина победи убедливо со 4:0 (Видео)

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop