Нов силен земјотрес во близина на Санторини: Продолжува да се тресе морскиот дел кај грчките острови

February 12, 2025
1 min read

Нов земјотрес со јачина од 4.9 степени во моментов е регистриран во близина на Санторини, а серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос имало и во текот на изминатата ноќ.

Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и пет со јачина од над 4 степени.

Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно четири од 5 или над 5 степени.

Најсилниот беше во понеделникот со јачина од 5,3 степени, минатата среда имаше земјотрес од 5,2 степени, а во неделата вечерта и рано утрово јачината беа регистрирани по еден земјотрес од 5 степени.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 9 февруари, биле регистрирани над 14.000 земјотреси.

Само во неделата на 9 февруари биле регистрирани над 1.100 земјотреси, од кои 240 над 2,5 степени и 14 над 4 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите во блокади во Србија одат во нова акција

Следно

Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop