Студентите во блокади во Србија одат во нова акција

February 12, 2025
1 min read

Студентите од четири државни универзитети во Србија, кои речиси три месеци блокираат повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, подготвуваат нова акција, а во тек е студентски марш од Белград и Ниш до Крагуевац, каде на 15 февруари ќе одржат заеднички митинг.
Студентите, чии блокади на повеќе од 60 факултети траат од 22 ноември, досега беа поддржани од стотици илјади граѓани ширум Србија на бројни собири и  блокади, каде со 15-минутно молчење  им се оддава почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Последниот голем протест се одржа во Нови Сад со блокада на три моста, а следниот беше најавен за 15 февруари во Крагуевац.

Студентите во своите барања бараат надлежните да одговараат за уривањето на бетонска настрешница во Нови Сад, во кое на 1 ноември минатата година загинаа 15 лица, а двајца беа повредени со доживотни последици. Бараат почитување на уставот и законите, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.

На акцијата најавена за 15 февруари и претходеше штафетен маратон на студенти од Крагуевац кои истрчаа во Белград за симболично да им достават покани на колегите за собирот во Крагуевац.

По првата етапа, учениците од Ниш синоќа беа свечено пречекани во рударскиот град Алексинац, а топло добредојде беше организирано за студентите од Белград и Нови Сад во белградското предградие Сопот.

„Кој нема храброст да се бори, нема право да се жали“ – е една од пораките што студентите ја истакнаа на своите транспаренти.

Студентските протести и барања беа поддржани солидарно и преку заедничко учество на земјоделците, бројни синдикати и општествени групи, културни работници, просветни работници од бројни училишта и медицински работници.

На студентите  почнувајќи од понеделникот, им се придружија театарските ансамбли во Белград, Нови Сад и Сомбор, како и адвокатите во Србија кои прогласија 30-дневен прекин на работата 

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика своите приврзаници да се соберат во Сремска Митровица на 15 февруари и најави дека на тој собир ќе биде усвоена „Народната декларација за Војводина“ – поради наводни обиди за сепаратизам.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без струја дел од корисниците од општините Центар и Аеродром

Следно

Нов силен земјотрес во близина на Санторини: Продолжува да се тресе морскиот дел кај грчките острови

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop