Нов покрив за битолското училиште „Св. Климент Охридски“ со поддршка од Јапонија

November 25, 2025
1 min read

Завршена е целосната реконструкција на кровната конструкција на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола, со што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето.

Проектот, вреден 80.314 евра, опфати замена на 1.800 м² кровна површина. Реконструкцијата е реализирана со финансиска поддршка од Јапонската амбасада. Ова е втор грант што Јапонија го доделува за обнова на ова училиште, истакна директорот Предраг Созовски.

Минатата недела училиштето го посети вториот секретар на Амбасадата на Јапонија, н.е. Накамура. На средбата, раководството на училиштето се заблагодари за континуираната поддршка и ја потенцираше важноста на соработката, која, како што беше истакнато, ќе продолжи и во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џиџи Бекали како никој друг ја понижи Ц.Звезда!

Следно

ВЛЕН: Нови политики што носат вистинска вредност за земјоделците

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?

фото: Megatron (X) Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што може сериозно да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако
Go toTop