Нов 24-часовен штрајк на новинарите во Грција

June 12, 2025
1 min read

Од 5 часот утрово, новинарите во Грција започнаа нов 24-часовен штрајк што е втор во период од една седмица, а земјата и денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија.

Заклучно со утре наутро телевизиите нема да се емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и државната телевизија ЕРТ и новинската агенција АНА-МПА, како и голем дел од информативните портали.

Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: суштински и плодни колективни преговори со цел да се стави крај на заложништвото на индивидуалните договори за вработување; почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти во недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди.

Новинарите одржаа 24-часовeн штрајк и минатиот четврток како и во февруари, март и април годинава.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Следно

Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите истото да го направат

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop