Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

August 19, 2025
1 min read

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе избере Консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе започнат работите на пругата, потенцираше вицепремиерот Николоски

-Ова е следна точка во делот на железничката инфраструктура во Македонија. Сега почнуваме подготвителни активности и за западното крило на коридор 8, почнуваме со постојната железничка линија од Скопје до Кичево која што е во лоша состојба бидејќи во моментов невозможно е по нејзе да оперираат возови и затоа решивме да ја реконструираме. Второ ставаме модерна сигнализација согласно најдобрите европски стандарди за безбедност и сигнализација и трето истата да ја електрифицираме бидејчи и пругата сега да беше во добра состоја по нејзе би можеле да оперираат само дизел локомотивои. Ова ќе значи подобро поврзување помеѓу Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. За истата разговраваме со ЕУ и се договороивме ЕУ да обезбеди грант од 5, 3 милиони евра за физибилити студија со анализа на трошоци и приодбивки, идејни проекти и нацрт текст за инвестициски грант. За истото, водечка институција ќе биде ЕБОР, согласно внатрешните процедури на Банката, тие ќе изберат Консултант кој што ќе ги работи овие студии, рокот за изработка за овие студии по највисоки европски стандарди е 18 месеци и посел тоа ќе одиме на втора фаза, а тоа се работи на терен, истакна вицепремиeрот Николоски.

Тој додаде дека во напредна фаза е изградбата на брзата пруга на коридор 10, исто така беше пуштена во функција пругата од Куманово до Бељаковце, исто така се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка и пред финален договор сме со Бугарија за железничко поврзување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тргување стабилно, но без поддршка од обврзниците

Следно

Грешки што луѓето најчесто ги прават на одмор: Еве како да ги избегнете за да не ви пропадне одморот

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop