Грешки што луѓето најчесто ги прават на одмор: Еве како да ги избегнете за да не ви пропадне одморот

August 19, 2025
1 min read

Летниот одмор е време за релаксација и уживање, но многумина од нас несвесно прават грешки што можат да ја нарушат убавината и здравјето на кожата. Еве кои се најчестите пропусти и како да ги поправите.

Претерување со шминка и користење на тешки производи Тешките пудри, бронзери и сенки за очи, особено во комбинација со високи температури и потење, можат да ги затнат порите и да предизвикаат појава на мозолчиња. Дополнително, топлината ја топи шминката и ја прави маскарата склона кон размачкување, особено при пливање. Совет: Користете водоотпорна шминка или, уште подобро, оставете ја кожата да дише и избегнувајте шминка кога е можно.

Прескокнување или неправилно нанесување крема за сончање Многу луѓе го забораваат значењето на кремата за сончање или ја нанесуваат нерамномерно, заборавајќи на помалите или помалку изложени делови како врат, уши, стапала и раце. Ова доведува до изгореници и предвремено стареење на кожата. Совет: Нанесувајте крема темелно на сите делови од телото и обновувајте ја редовно, особено после пливање или потење.

Недоволна употреба на креми после сончање Кремите за после сончање не се само за случаи на изгореници. Тие хидрираат и регенерираат кожа која е изложена на сонце, спречувајќи сувост, пеги и оштетување. Совет: Користете хидратантни креми после секое сончање за да ја одржите кожата здрава и свежа.

Последноминутно бричење или депилација Бричењето пред плажа може да предизвика иритација, црвенило и чувство на печење кога кожата доаѓа во контакт со солена вода. Совет: Направете депилација барем два дена пред одмор, а уште подобро е да размислите за подолготрајни методи како ласерско отстранување или восок.

Со следење на овие едноставни совети, вашиот летен одмор ќе биде не само забавен туку и безгрижен за вашата кожа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Следно

Најголем добитник на берзата Македонијатурист, пад за Комерцијална и Алкалоид

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop