Тргување стабилно, но без поддршка од обврзниците

August 19, 2025
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Скопје, 19 август 2025 година – Македонската берза го заврши денешниот трговски ден со вкупен промет од 51.453.245 денари. Индексот МБИ10 бележи минимален раст од 0,01%, достигнувајќи вредност од 10.481,41 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 127,48 поени. Тргувањето се одвиваше со умерена активност, без присуство на блок трансакции во редовниот дел од денот. Пазарот беше предводен од банкарските и фармацевтските акции, а најголемиот дел од прометот беше концентриран во неколку ликвидни издавачи.

Најтргувани хартии од вредност:

● Комерцијална банка АД Скопје – 51 акции со вкупен промет од 1.446.450 денари
● Алкалоид АД Скопје – 43 акции со вкупен промет од 1.141.800 денари
● Македонијатурист АД Скопје – 45 акции со вкупен промет од 472.500 денари

Најголеми добитници на денот:

● Македонијатурист АД Скопје +2,94%
● Реплек АД Скопје +0,29%
● Стопанска банка АД Скопје +0,59%

Најголеми губитници на денот:

● Алкалоид АД Скопје -0,33%
● Комерцијална банка АД Скопје -0,21%

Обврзнички пазар

На пазарот на обврзници не беше реализирана ниту една трансакција. И покрај широката понуда на државни и структурни обврзници, вкупниот промет изнесуваше 0 денари.

Берзанскиот ден беше умерен по обем и динамика. Иако индексот МБИ10 бележи симболичен раст, тргувањето беше сконцентрирано во неколку високоликвидни акции, без големи флуктуации. Недостигот на активност на обврзничкиот пазар укажува на слабо инвеститорско интересирање за овие хартии од вредност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Иран јавно погубен маж осуден за повеќекратно убиство

Следно

Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop