Николоска: Фактот што ова се случувачо кога Скопје било под засилено обезбедување, ја покажува дрскоста на осомничените

December 7, 2023
1 min read

реклама


Според професорката Светлана Николоска, фактот што осомничените за убиствата на Вања и на Панче, се решиле на ваков чин во миговите кога во Скопје се подготвуваше да се одржи самитот на ОБСЕ, и главниот град бил под силно полициско обебзедување, е чин на дрскост на осомничените.

Николоска во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека има сомнеж кон кого е насочена дрскоста на осомничените.

реклама

ТВ21: Како е можно во миговите кога Скопје беше под силно полициско обезбедување поради самитот на ОБСЕ, да се случи вакво нешто?

Николоска: Тука доаѓаме до моментот на дрскоста на осомничените, да видал дали полицијата ќе им влезе во трага. Имало толку места да се оддалечат, или на лице место да ја убијат. Токму мене ми се ствара сомнеж, кон кого е насочена дрскоста, кон институциите? Луѓе кои имаат криминални дела како што е Палевски, секогаш одат подалеку и подалеку. На некој начин си постигнуваат цели што се може незаконски да направат, а да не бидат процесиурани. Тие не ни размислуваат, што толку се внесени во криминал. Не размислуваат на затвор, не се свесни што ги чека. Тие мислат дека нема да бидат откриени, дека ќе биде совршено. Нема совршен злостор во криминалистиката, има само не целосна посветеност, не целосно обезбедување на сите докази, и многу е битно поврзување на материјалните докази, тука имаме жртвата, на местото на настанот има многу траги кои потекнуват од осомничените.

реклама

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чија креација е Љупчо Палевски-Палчо – одговара премиерот Ковачевски

Следно

Николоска: За јавноста да се смири мора да и се дадат сите одговори за убиствата на Вања и Панче

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop