„Ние сме со Европскиот фронт“ – Меџити: Алијанса за Албанците е одлучувачка

December 25, 2023
1 min read

реклама


Алијанса за Албанците сè уште не донела одлука дали ќе остане во Влада или ќе ја прифати поканата на да се присоедини со албанската опозиција. Министерот за здравство, кој е од редовите на Алијанса за Албанците (АА), Фатмир Меџити, вели дека неговата партија е за иднината во Европскиот фронт. Додаде дека тоа им го препорачале и меѓународните партнери.

„АА е одлучувачка кој со кого ќе коалицира, вистина е дека одлучува за иднината на државата. Ние сме за иднина во Европскиот фронт, да чекориме напред и да не губиме повеќе време. Тоа ни го препорачуваат и нашите меѓународни пријатели, и ние тоа ќе го направиме, Алијанса ќе одлучи“, вели Фатмир Меџити.

реклама

Прашан дали тоа значи дека АА на парламентарните избори ќе оди заедно со ДУИ, Меџити рече дека тоа подразбира дека ќе одат со европскиот фронт.

Со европскиот фронт, значи со ДУИ?!

реклама

„Значи дека ние сме со Европскиот фронт, со фронтот на доброто, со фронтот на тоа што претставува оптимизам, кој е иднината на Македонија“, вели Фатмир Меџити.

Од друга страна, не престануваат поканите на албанската опозиција до АА, да ја напушти Владата и да се приклучи на опозицискиот фронт. Ова вчера го повтори и Беким Ќоку од Движењето Самоопределување кои веќе се приклучија на Европскиот сојуз за промени. Ќоку рече дека како поранешен член на АА „го познава опозицискиот дух“ на оваа партија.

реклама

„Ги поканувам и другите политички партии, граѓанското општество, а овде отворено ја поканувам и Алијансата за Албанците да се приклучи на оваа промена бидејќи јас како поранешен член на таа Алијанса го чувствувам и знам менталитетот и опозицискиот дух на Алијансата и знам дека таа има свое место во овој состав овде“, вели Беким Ќоку.

Но, пред неколку дена во Гостивар се сретнаа Таравари и Ахмети, каде беше кажано дека разговарале за можностите на иднината. Инаку, засега одлуката на раководството на АА е да излезат сами на избори, но оттаму велат дека конечната одлука ќе биде донесена од партиското собрание, состанок кој сè уште не се одржува.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да продолжиме да се бориме

Следно

„Се бараме во преводот” – разговор за книжевен превод на Малиот новогодишен Темплум саем

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop