Независната комисија утврди дека Јужноафриканската Република не испорачала оружје на Русија

September 4, 2023
1 min read

ЈОХАНЕСБУРГ (АА) – Независната истрага која ги испитува наводите дека Јужноафриканската Република испорачувала оружје на Русија не пронајде никакви докази, соопшти Претседателството на таа земја, пренесува Анадолу.

„Комисијата утврди дека не постојат докази за поддршка на наводите дека бродот носел оружје од Јужноафриканската Република наменето за Русија“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Кирил Рамафоса.

Американскиот амбасадор во Јужноафриканската Република, Рубен Бригети, во мај за новинарите изјави дека неговата земја е убедена дека Јужноафриканската Република испорачувала оружје на руската војска и покрај тврдењата на земјата за неутралност.

„Меѓу работите што ги забележавме беше закотвувањето на (руски) товарен брод во поморската база Симон Таун помеѓу 6 и 8 декември 2022 година, за кој сме уверени дека испраќал оружје и муниција… додека се враќал во Русија“, рече Бригети.

По наводите, Рамафоса започна независна истрага предводена од пензиониран судија за да ја испита тужбата.

„Панелот утврди дека бродот (Лејди Р) се закотвил во Симон Таун за да испорача опрема нарачана за јужноафриканските национални одбранбени сили во 2018 година од Армскор, компанија за набавка на оружје во земјата“, се додава во соопштението.

Претседателството соопшти дека обвинувањата против Јужноафриканската Република имале штетно влијание врз нејзината валута, економија и светски углед.

„ Јужноафриканската Република има јасни закони со кои се регулира издавањето дозвола за увоз и извоз на конвенционално оружје. Добиени се сите релевантни дозволи за увоз на опрема испорачана од бродот. Не е издадена дозвола за извоз на оружје, ниту пак било извезено оружје“, се наведува.

Со тричлената комисија претседаваше пензионираниот судија Финес Мојапело, а членови беа адвокатката Леа Гкабаше СЦ и пензионираниот политичар Енвер Суртиј.

Министерството за меѓународни односи и соработка на Јужноафриканската Република (ДИРКО) во средината на мај соопшти дека амбасадорот Бригети им се извинил на Владата и на народот на Јужноафриканската Република за неговите коментари за рускиот брод што натоварил оружје и муниција од Јужноафриканската Република.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски по случувањата на Онкологија: Фрапантно и згрозувачки, за здраво општество ни треба правна држава во пракса

Следно

Спасовски: Ја разбирам загриженоста на граѓаните, се работи за последните надежи на секое лице кое се бори со лошата болест

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop