Незадоволен од изборните резултати, Дачиќ смета дека СПС треба да добие нов лидер

December 18, 2023
1 min read

„Секако дека ќе разговарам со моите колеги од СПС што е најдобро за партијата во наредниот период. Мое лично мислење е дека е неопходно да се најде нов лидер на Социјалистичката партија на Србија“, изјави актуелниот партиски лидер Ивица Дачиќ откако изрази незадоволство од изборниот резултат на партијата

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, синоќа изјави дека неговата партија не е задоволна од изборните резултати и дека, според него, треба да се избере нов лидер на СПС.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Не сме задоволни од резултатот, вклучувајќи ме и мене како лидер на оваа коалиција. Секако дека ќе разговарам со моите колеги од СПС што е најдобро за партијата во наредниот период. Мое лично мислење е дека е неопходно да се најде нов лидер на Социјалистичката партија на Србија“,

изјави Дачиќ.

Освен со своите сопартијци, Дачиќ најави дека за ова прашање ќе разговара и со претседателот Александар Вучиќ.

„Не сакам да им нанесувам никаква штета на националниот и државниот интерес. Се разбира, за сето тоа ќе разговараме кога ќе заврши изборниот процес“,

додаде тој.

Дачиќ потсети дека на почетокот на кампањата однапред донеле одлука дека какви и да бидат изборните резултати, подготвени се да ја продолжат соработката и коалицирањето со Српската напредна партија (СНС), доколку тоа биде нивна одлука на сите нивоа.

Според последните ажурирани податоци од изборите што ги објави Републичката изборна комисија (РИК), изборната листа „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ е трета по бројот на гласови на парламентарните избори, со освоени 6,61 отсто од гласовите. На покраинските избори оваа листа освои 5,15 отсто од вкупниот број гласови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гази Баба со награди за најубаво новогодишно украсување во општината

Следно

Сообраќајка во Скопје, прегазен е пешак

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop