Невладиниот сектор со реакција до државниот врв на Северна Македонија за односот на државата кон случувањата во Газа

November 3, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Неколку невладини организации кои дејствуваат во Северна Македонија упатија реакција до претседателот на државата, Стево Пендаровски, до премиерот, Димитар Ковачевски, до целата Влада, и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со односот на државата кон случувањата во Газа, пренесува Анадолу.

„​Следејќи ја внимателно трагичната состојба на цивилното население во Газа, ужаснати сме од молкот, воздржаното гласање за хуманитарната резолуција во Обединетите нации и едностраноста на нашите политичари кои во ниту еден момент не собраа храброст да ги исправат своите ставови и да застанат на страната на оние кои повикуваат на мир и разум“, се наведува во соопштението на Платформата за Палестина, која се состои од неколку невладини организации во земјата.

Во соопштението се нагласува дека бројката на жртви во Газа ја надминала онаа на геноцидот во Сребреница, а стотина вработени во меѓународните хуманитарни организации и новинари исто така ги загубија своите животи.

„​Со оваа наша реакција до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, до премиерот на Владата, Димитар Ковачевски, и до целата Влада, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, сакаме да ги охрабриме на еден таков чекор и да ги послушаат реакциите на граѓаните кои ги преплавуваат социјалните мрежи со солидарност и повик за прекин на колективното казнување цивили во Газа и непочитување на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението.

Исто така, во соопштението е наведена листа на барања упатени до државниот врв на Северна Македонија:

„1. Покрај вашата осуда на нападот на Хамас врз цивилните цели, бараме остра осуда на масакрот врз цивилите што Израел го врши во Газа, со што секојдневно го крши меѓународното хуманитарно право.

2. Апелирајте за итен прекин на неселективното бомбардирање и убивањето цивили во Газа и усвојте декларација во Парламентот со која се повикува на престанок на војната и се дава шанса на мирот. Организирајте комисиска седница и искористете ги сите потребни институционални механизми.

3. Испратете итна медицинска помош во Газа во име на нашата држава и на граѓаните.

4. Обезбедете бесплатно лечење и рехабилитација на повредените дечиња од Газа кои во оваа агресија изгубија делови од своите екстремитети, во болниците во Македонија. (По примерот на Кабинетот на претседателот на Р Словенија).

5. Не потклекнувајте под притисокот за прогон на сите оние кои го креваат својот глас против масакрот на цивилите во Газа, за кој денес сме сведоци, а за кој апелираме да престане и да се замени со безусловен мир.“

Во тековниот израелско-палестински конфликт од 7 октомври загинаа над 10.600 луѓе, меѓу кои најмалку 9.227 Палестинци и над 1.500 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Лажна вест е дека се планира продажба на дел од МЕПСО

Следно

Организацијата на туркиски држави ги осудите нападите врз цивилите во Појасот Газа

Latest from Blog

Николоски: Безбедните патишта се клучни за вредноста на секоја наша инвестиција

Државниот инспекторат за транспорт ќе биде зајакнат со нова опрема и современи технологии, преку донација од Европската Унија, која треба да придонесе за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност во сообраќајот. Вицепремиерот

Бакарот станува стратешки ресурс за Европа, Македонија сè уште не го активира својот најголем проект

Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат

Јамал: Ако некој може да ги победи Французите, тоа сме ние!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Шпанија е подготвена за најголемиот предизвик на Светското првенство, полуфиналниот дуел со Франција, а најголемиот адут на „црвената фурија“ ќе биде Ламин Јамал. Дуелот меѓу Франција и Шпанија (денеска, 21:00 часот)

ВЛЕН: Со шест министри ќе го продолжиме мандатот со уште посилно темпо

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека по изгласувањето на реконструкцијата на Владата, влегува во нова фаза на владеење со засилена одговорност и шест министерски ресори. Од партијата истакнуваат дека реконструкцијата претставува потврда дека

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ
Go toTop