Нетанјаху ѝ наредил на војската да подготви план за евакуација на цивилите од Рафах

February 9, 2024
1 min read

Израелските власти тврдат дека Рафах е последното преостанато упориште на Хамас и дека треба да биде следна цел на војската во заокружувањето на планот за целосен пораз на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наредил на војската да подготви план за евакуација на населението во Рафах, пред очекуваната израелска инвазија на градот на југот на Газа, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Дека издал ваква наредба, Нетанјаху објавил денеска, и покрај критиките што доаѓаат од повеќе страни за планот на Израел да изврши копнена офанзива во пренаселениот град на границата со Египет.

Градот е засолниште за стотици илјади Палестинци кои претходно беа раселени од други делови на Појасот поради операциите на израелската војска во војната со Хамас.

Израелските власти тврдат дека Рафах е последното преостанато упориште на Хамас и дека треба да биде следна цел на војската во заокружувањето на планот за целосен пораз на Хамас.

Нетанјаху, како што јавува АП, рекол оти е потребна масовна операција во Рафах. За таа цел, како што изјавил, побарал од безбедносните служби да изготват двоен план, кој ќе вклучува евакуација на цивилите од градот и воена операција, која треба да доведе до колапс на палестинската милитантна група.

Претходно денеска израелските сили бомбардираа цели во Рафах. Нападот се случи неколку часа откако претставници на администрацијата на Бајден и хуманитарните агенции го предупредија Израел да не ја проширува својата копнена офанзива во Газа во градот кој е засолниште за огромен број цивили и главна точка преку која влегува хуманитарната помош за Појасот.

Во воздушните напади денеска, според новинските извештаи, биле погодени две станбени згради во Рафах, додека на две други локации биле бомбардирани во центарот на Газа, вклучително и детска градинка адаптирана во засолниште за раселените Палестинци. Според новинарите на АП кои ги виделе телата како пристигнуваат во болниците, во нападите загинале 22 лица.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пари за Дрин Ахмети за иновации, никој не проверил како се потрошиле

Следно

Интервју на Путин: Војната во Украина ќе завршеше за две недели, ако Зеленски не ги слушаше САД и Велика Британија

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот
Go toTop