Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“

May 26, 2024
1 min read

Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население.

Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот.

Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување на овој медитерански остров, со помалку од милион жители, поради масовниот туризам.

Меѓу поплаките што ги искажаа жителите се зголемениот притисок врз недвижностите, зголемените туристички кирии кои принудија многу жители да ги напуштат центрите на градовите, бучавата и загадувањето на животната средина.

Шпанија, втората најголема туристичка дестинација во светот по Франција, примила 85 милиони странски посетители во 2023 година, според официјалната статистика.

Од овие 85 милиони, 14,4 милиони слетаа на Балеарските Острови, вториот по големина регион во Шпанија во однос на пристигнувањето туристи.

Архипелагот е особено популарен меѓу германските, британските и холандските туристи. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 27 загинати во пожар во зона за аркадни игри во Индија

Следно

Граѓаните на кумановската населба Зелен Рид без вода поради дефект на главната водоводна цевка

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop