Најмалку 27 загинати во пожар во зона за аркадни игри во Индија

May 26, 2024
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Во голем пожар кој избувна во зона за аркадни игри во западната индиска држава Гуџарат загинаа најмалку 27 лица, соопштија денес официјални лица, јавува Анадолу.

Пожарот избувна доцна синоќа во Раџкот, заробувајќи неколку жртви, меѓу кои и деца

Висок официјален претставник на пожарникарите во Раџкот за Анадолу изјави дека бројот на загинати е 27. „Пожарот е изгаснат, а примените се префрлени во болници“, рече тој.

Додека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, властите формираа специјален тим за да ја истражи трагедијата.

Државниот главен министер Бупендра Пател го посети местото рано утрово за да ја процени ситуацијата

Индискиот премиер рече дека „трагедијата од пожарот во Раџкот не растажи сите нас“.

„Моите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски. Молитви за повредените. Локалната администрација работи на обезбедување секаква можна помош на погодените“, напиша тој на X.

И најмалку шест новороденчиња загинаа во пожар што избувна во детска болница во Њу Делхи доцна во синоќа.

Суреш Кумар, официјален претставник на Противпожарната служба во Делхи, за Анадолу изјави дека шест од 12 бебиња кои се спасени, подоцна починале во пожарот во Вивек Вихар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бислимовски: Намалениот увоз на струја може да ги намали и сметките

Следно

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop