Националната установа Џез оркестар до крајот на годината ќе се смести под Националната опера и балет

June 20, 2023
1 min read

Министерството за култура најде простор за новоформираната Национална установа џез оркестар, под Националната опера и балет, но од крајот на годината, затоа што следува реновирање на тој простор.

Дотогаш, џез оркестарот ќе биде сместен во просториите на Филхармонија, заради што од синдикатот на оваа културнаустанова се штрејкува веќе неколку недели пред Министерството за култура или пред Владата.

Министерката повика да се прекине со протестите, а колегите од Филхармонија, дека ќе обезбедат простор да ги одржат своите проби и концерти во просториите на филхармонијата, додека не се преселат во новите простории.

Новоформираната Национална установа џез оркестар, со одлука на Владата, ќе има нова, трајна адреса во зграда 1, влез 1 на бул. „Гоце Делчев“ број 4. Се работи за дел од вкупниот простор од 1.440 метри квадратни под Националната опера и балет простор од 475 метри квадратни за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства.
Овој простор е со трајно користење на Министерството за култура – рече денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Таа појасни дека откако бил заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови, неминовно траел неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да ѝ припадне на Национланата установа џез оркестар и на тој начин најдобро да се искористи и да се сочува државниот имот.

Костадиновска – Стојчевска рече дека просторот треба да биде реновиран до крајот на оваа година, а за официјално формирање на Националната установа џез оркестар потребно е само да добие црно на бело за својата жиро-сметка и таа е формирана.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струга против Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампиони

Следно

Прогресивците се испоразочараа од сограѓаните муслимани

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop