НАТО отвара воздухопловна база во Албанија

March 4, 2024
1 min read

Во албанскиот град Кучово денеска ќе биде отворена воздухопловна база на НАТО. Премиерот на Албанија Еди Рама, со објава на својата официјална страница на Фејсбук сподели видео од моментот на склопување на беспилотните летала „Бајрактар“ кои, како што вели, ќе го направат првиот лет на церемонијата на отворање на воздухопловната база.

„Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот прв лет на свеченото отворање на новата воздухопловна база на НАТО денеска во Кучово, ви посакувам добра недела“, пишува Рама.

Веста за отворањето на воздухопловната база на НАТО во Кучово, што е прва на Западен Балкан, ја соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен при неговата посета на Албанија на 15 февруари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија го истражува руското протекување на воените преговори за Украина

Следно

Започна 11-дневната заедничка воена вежба на Јужна Кореја и САД

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop