НАТО и ЕУФОР подготвени да ја спречат дестабилизацијата на БиХ во случај на пресуда против Додик

February 23, 2025
1 min read

Командата на НАТО во Сараево и мировната мисија на ЕУ во Босна и Херцеговина – ЕУФОР, порачаа дека се подготвени да спречат какви било обиди за дестабилизација на земјата, откако претставници на Република Српска најавија радикални мерки доколку претседателот Милорад Додик биде осуден, јави Хина.

Судот во Сараево треба во среда да ја објави пресудата во случајот против Додик, кој се товари за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Додик и неколку претставници на Република Српска предупредија дека евентуална осудителна пресуда ќе доведе до радикални чекори. Неговите приврзаници најавија дводневни протести, додека опозицијата повика на нивен бојкот.

Од НАТО командата во Сараево соопштија дека ќе преземат мерки за спречување на евентуална дестабилизација и ја нагласија важноста на стабилноста со поддршка на операцијата на ЕУ „Алтеа“.

ЕУФОР, пак, истакна дека, и покрај моменталната стабилност, мисијата останува во состојба на готовност и ќе интервенира доколку биде загрозен јавниот ред или безбедноста на цивилите.

Во саботата, преку објава на платформата Икс, Додик го обвини американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи, дека стои зад судскиот процес против него.

Радован Ковачевиќ, портпарол на партијата на Додик, најави можност за референдум за нов устав на Република Српска, со кој, според него, ќе се „поништат нелегалните одлуки на високиот претставник“. Тој ги повика граѓаните на протестен собир во поддршка на Додик на 25 февруари.

Обвинителството на БиХ бара затворска казна за Додик и вршителот на должноста директор на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ, како и долгорочна забрана за нивна политичка активност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Планот за преселување на Палестинците во Египет, Јордан или трета земја е неприфатлив

Следно

Реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ и ГОБ „8-ми септември“: Утре заедничка прес конференција на Мицкоски и Николоски

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop