Ердоган: Планот за преселување на Палестинците во Египет, Јордан или трета земја е неприфатлив

February 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека планот за преселување на Палестинците во Египет, Јордан или која било трета земја е „неприфатлив“, јавува Анадолу.

Ердоган го повтори отфрлањето на планот за раселување на Палестинците во телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство.

Двајцата лидери разговараа и за билатералните односи, како и за регионални и глобални прашања.

За тековната руско-украинска војна, Ердоган ги нагласи континуираните напори на Туркије за ставање крај на војната и воспоставување фер и траен мир, соопшти Директоратот преку платформата X.

„Како земја која успешно ги доведе двете страни на преговарачка маса повеќепати, Туркије може да придонесе за мировните преговори, вклучително да биде и нивен домаќин“, додаде тој.

Турскиот претседател ја истакна и важноста од започнување на преговарачки процес кој не исклучува ниту една од двете земји во конфликтот.

Двајцата претседатели се согласија да работат на покоординиран начин како лидери на две земји сојузнички на НАТО, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запалена дива депонија со опасен отпад и градежен шут и во Сарај!

Следно

НАТО и ЕУФОР подготвени да ја спречат дестабилизацијата на БиХ во случај на пресуда против Додик

Latest from Blog

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop