Најмалку 15 загинати од експлозија во џамија во Авганистан

June 8, 2023
1 min read

КАБУЛ (АА) – Во експлозијата што денес се случи во џамија во авганистанската северна провинција Бадахшан, животот го загубија најмалку 15 луѓе, а 50 се повредени, пренесува Анадолу.

Експлозијата се случи во џамија во Фаизабад, главниот град на провинцијата Бадахшан, каде што се собрале талибанските официјални претставници на заедничка молитва за убиениот заменик-гувернер, кој настрада од експлозија во вторникот, пренесе локалната телевизија „Толо њуз“.

Информацијата за бројката на загинати ја потврди и локалната болничка управа.

Моазудин Ахмани, локален талибански функционер, претходно потврди дека се случила експлозија.

Мавлави Нисар Ахмад Ахмади, заменик-гувернерот на Бадахшан, и неговиот возач загинаа во вторникот од експлозија во Фаизабад.

Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се разидуваме во некои ставови и во идеологијата, рекоа судиите што си поднесоа оставки од Судскиот совет

Следно

„Ефектот Меси“ – цените на билетите на Интер Мајами летнаа до плафон

Latest from Blog

Градоначалникот Дејан Проданоски до доцна во вечерта разговараше за предизвиците на граѓаните и нивни решенија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, одржа приемен ден со граѓаните во попладневните часови, почитувајќи го нивното работно време и овозможувајќи им директно да ги споделат своите предлози, проблеми и идеи. Средбите со

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува подобрување на положбата на Македонците

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на
Go toTop