Се разидуваме во некои ставови и во идеологијата, рекоа судиите што си поднесоа оставки од Судскиот совет

June 8, 2023
2 mins read

Покрај двете оставки, на денешната седница беше констатирана и оставката на заменик-претседателот Селим Адеми кој важеше за предводник на процесот на разрешување на Дамева. Тој си даде оставка само како заменик-претседател, но останува член на Советот. На негово место, за нов заменик-претседател денеска беше избран судијата Ханиф Зендели

Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација, од денеска не се членови на Судскиот совет.

На седница на ова тело денеска и формално беа констатирани нивните оставки што ги поднесоа пред два дена.

Двајцата судии дојдоа на седница и ги кажаа причините меѓу кои и целата ситуација околу Судскиот совет изминатиов период, која кулминираше со контроверзно разрешување на претходната претседателка Весна Дамева и назначувањето нов претседател. Рекоа дека имаат разидувања во ставовите и во идеологијата. Радевска-Стефкова како пример го наведе изборот на судии во повисоките судови.

„Откако сум член на Судскиот совет, имаше определени моменти кога јас се најдов со определени разидувања во однос на заземените ставови на Судскиот совет. Тоа се одбивањето да ги достави списите до Врховниот суд по изјавени жалби од судии разрешени од Советот, потоа првите постапки кои беа водени од Судскиот совет во однос на избор на судии во повисок суд со примена на новиот закон и подзаконски акти, како и изборот на судии во Апелацискиот суд Гостивар и во Врховен од кривична област“,

рече Радевска-Стефкова.

За изборите, судијката потенцира дека не е транспарентно што Советот без никакво образложение не избрал судии за во Врховен, а во Апелација во Гостивар избрал судии со непочитување на ранг-листата.

Потоа таа го наведе разрешувањето на Дамева кое, според неа, е незаконско, а како последна во низата причини ги спомена меѓучовечките односи.

„Последно, тоа се состојбите со меѓучовечките односи што се нарушија во овој совет, што мислам дека претставува пречка за нормално функционирање. Мислам дека ова ќе биде предмет на разгледување за понатамошно подобрување на состојбите и подобро работење“,

посочи Радевска-Стефкова.

И судијата Герасимовски ги посочи последните превирања и разидувањето во идеологиите со Советот како причини за неговата оставка.

„Дојдов со определена идеологија, но во текот на овие 8-9 месеци наидов на идеолошки несогласувања со дел од членовите на овој Судски совет, а имајќи ги предвид последните превирања, сметам дека треба да си поднесам оставка од проста причина што сметам дека поголем придонес ќе дадам како судија во Апелациониот суд во време кога судиите таму се натрупани со предмети, отколку како член на Судскиот совет. Иако јас и колешката даваме оставки, сметам дека овој состав на Судскиот совет има капацитет да се справи со сите предизвици што стојат пред истиот и да го доведат Судскиот совет онаму каде му е местото“,

рече Герасимовски.

На неговото и на местото на Радевска-Стефкова на непосредни избори треба да бидат избрани нови членови на советот – еден од Врховен и еден од подрачјето на Апелацискиот суд Скопје.

Селим Адеми и Ханиф Зендели

Покрај двете оставки, на денешната седница беше констатирала и оставката на заменик-претседателот Селим Адеми кој важеше за предводник на процесот на разрешување на Дамева. Тој си даде оставка само како заменик-претседател, но останува член на Советот.

На негово место, за нов заменик-претседател денеска беше избран судијата Ханиф Зендели.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инстаграм е најуспешна мрежа за поврзување педофили

Следно

Најмалку 15 загинати од експлозија во џамија во Авганистан

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски
Go toTop