„Ефектот Меси“ – цените на билетите на Интер Мајами летнаа до плафон

June 8, 2023
1 min read

Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет со веста дека ќе прејде во Интер Мајами, што веднаш се одрази на пазарот на билети.

Аргентинецот би можел да дебитира за клубот на 21 јули на натпреварот против мексиканскиот Круз Азул, натпревар за кој веднаш дојде до огромно зголемување на цените на билетите. Најевтините билети за тој натпревар, кои порано се продаваа за 29 долари, сега ќе чинат повеќе од 300 долари.

Билетите за натпреварот на Интер Мајами на 26 август против Њујорк Ред Булс, кој ќе биде негов прв натпревар во МЛС, поскапеа од 30 на 401 долар.

Билетите на натпреварот за 3 септември против Лос Анџелес поскапеа од 81 на 422 долари по одлуката на Аргентинецот.

И цените продолжуваат да растат. „Форбс“ објави вкупно 1.000% зголемување на цените на билетите за Интер Мајами во часовите по објавувањето на вестите за Меси, додавајќи дека просечната цена на билетите за домашните натпревари на клубот скокнала за 515%, од 152 долари на почетокот на сезоната на 935 долари.

Сезонските билети на Интер Мајами за оваа сезона се веќе распродадени, но сезонските билети за 2024 година може да се резервираат со неповратен депозит од 200 долари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 15 загинати од експлозија во џамија во Авганистан

Следно

ЕУ ѝ се закани на Мета со тешки санкции доколку не ги заштити децата

Latest from Blog

АВИОНСКА НЕСРЕЌА НА КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ: Летало се урна среде пат во близина на терен за голф

Мал авион се урна среде пат на популарните Канарски Острови набрзо по полетувањето. Испаничените туристи бегале барајќи спас додека авионот летал директно кон нив. Падот на авионот се случил во четвртокот попладне

Николоски: Се купуваат нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената во Град Скопје и низ општините

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот

Општина Битола: Почит и благодарност за хероите кои ги положија животите за татковината

Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001
Go toTop