Најмалите деца најмногу шират вируси

November 5, 2025
1 min read

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново истражување потврди – најмалите деца најмногу шират вируси, објави „Еуроњуз“ (Euronews).

Написот објавен во списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics) посочува дека децата на возраст од три до 10 години имаат поголема веројатност да пренесат респираторен вирус отколку постарите ученици и училишниот персонал. Резултатите од истражувањето ја потврдуваат и секојдневната практика на лекарите. Педијатарката д-р Џенифер Голдман – одговорна за научниот труд, објасни дека малите деца може да добијат до 10 респираторни инфекции годишно, бидејќи нивниот имунолошки систем првпат се среќава со многу од присутните вируси.

– Затоа, ако имате повеќе деца дома, некој е секогаш болен, додаде д-р Кери Бајингтон, уште една авторка на студијата.

Истражувачите ги анализирале примероците и симптомите на повеќе од 800 ученици и вработени во училиштата во периодот од ноември 2022 до мај 2023 година.

Според наводите, 85 отсто од сите учесници имале барем една респираторна инфекција. Децата од три до пет години имале дури 92 насто позитивни наоди за вирус, додека кај децата на возраст меѓу 11 и 13 години, тој број бил 86 насто. Кај средношколците бројката изнесува 77 отсто.

Најчесто, станува збор за риновирус – предизвикувачот на настинка, пронајден кај 65 отсто од испитаните. Вирусот ковид-19 бил откриен кај приближно 15 отсто од испитаниците.

Претходно истражување на Универзитетот во Јута покажале слични резултати – децата под петгодишна возраст го имале вирусот во своите тела половина од годината. И д-р Никол Торес – педијатарка и мајка, вели дека нејзините деца биле многу почесто болни кога биле помали.

– Им кажувам на родителите на мали деца да очекуваат болест на секој месец до месец и половина… Така тоа изгледа во пракса, рече д-р Торес.

Во однос на заштитата, стручњаците велат дека целосното спречување на болести кај децата е тешко, но постојат чекори што може да помогнат. Тие препорачуваат редовни вакцини против грип и ковид, темелно миење на рацете, покривање на устата при кашлање и избегнување на допирање на лицето. Редовното чистење на површините и проветрувањето на просториите се важни, исто така.

Ако вашето дете се разболи, најдобриот третман е одмор и многу течности. Во потешки случаи, може да се даде лек за намалување на температурата или антивирусен лек, доколку тоа го препорача лекар. Сепак, кашлицата често трае и со недели потоа, а детето може повторно да се разболи во меѓувреме.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Следно

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop