Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

November 5, 2025
1 min read

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не успева да добие висина и удира во земјата, предизвикувајќи огнена стихија.


Веднаш потоа, густ црн чад го прекри небото. Авионот „Мекдонел Даглас МД-11“, со тројца членови на екипажот, требало да лета за Хонолулу. Несреќата се случи во 17:15 часот, а авионот удри директно во индустриска зона на работ на аеродромот.

„Во овој момент, веруваме дека имаме најмалку три смртни случаи. Но, верувам дека тој број ќе се зголеми. Имаме најмалку 11 повредени, некои од нив многу сериозно, кои се третираат во локалните болници“, вели Енди Бешир, Гувернер на Кентаки.


Судбината на тројцата членови на екипажот сè уште не е официјално потврдена, иако гувернерот изрази загриженост за нив по гледањето на снимките. Авионот директно погодил најмалку два деловни објекти.

„Првиот е „Patrol Cycling“. Изгледа се директно погодени. Вториот е „A auto parts“. Тие ги евидентираа сите свои вработени, освен двајца. Но, не знаат колку други лица, клиенти или други, биле на локацијата во тоа време“, изјави Бешир.


Властите издадоа наредба за засолнување за сите области северно од аеродромот, поради опасноста од чадот. Пристапот до местото на несреќата е блокиран.

„Ве молам, држете се настрана од областа. Дозволете им на одговорните да си ја завршат работата. Ова ќе биде активна сцена во наредните неколку дена.“, рече Пол Хамфри, шеф на полицијата во Луивил.

Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја презема истрагата за причините за несреќата. Авионот бил произведен во 1991 година. Аеродромот во Луивил е инаку најголемиот светски центар за ракување со пакети на УПС.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалите деца најмногу шират вируси

Следно

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Latest from Blog

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот
Go toTop