Најголем број патници на граничните премини Пелинце и Белановце имало за време на летните месеци

January 24, 2025
1 min read

Најголем број патници на граничните премини Пелинце и Белановце имало за време на летните месеци. На ганичниот премин Пелинце, лани влегле 128.698 патници, од кои 38.636 македонски државјани и 90.062 странски државјани, а излегле 93.797 патници од кои 41.333 македонски и 52.464 странски државјани, информираа денеска од МВР.

Притоа најмногу патници преминале преку граничниот премин Пелинце во јули – 61.177, од нив 47.988 странски државјани и во август – 58.745 од нив 38.407 странски државјани, а тогаш е забележан и најголем број македонски граѓани кои излегле од земјата – вкупно 17.623, велат од МВР.

Овој премин често се користи како алтернатива во однос на најфреквентниот во земјава – Табановце и голем број странски туристи го користат за да го избегнат метежот во летниот период. Најмалку патници имало во февруари и во ноември.

На граничниот премин Белановце, пак, влегле вкупно 223.326 патници од кои 126.824 македонски државјани и 96.502 странски државјани, а излегле 244.516 патници од нив 163.139 македонски и 81.377 странски државјани.

Во 2024 година на граничниот премин Белановце најмногу патници преминале во август – 61.304 и јули – 56.362 кога е и забележан најголем број на странски државјани кои влегле во Северна Македонија – 29.187, информираат од МВР.

На овој премин, пак најмалку патници имало во март и февруари 2024 година.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИЗ: Пратката од Македонија за Хрватска содржи свеж кељ, а не зелка и нема пестициди

Следно

МНР бара објаснување за протерувањето на македонски државјанин од Србија: Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop