Нафтени компании со лажни фактури барале поврат од УЈП

January 16, 2024
1 min read

Управата за јавни приходи спречила финансиски криминал од 2,6 милиони евра од три фирми, кои во последните три години преку фиктивни фактури се обиделе да добијат повратот на ДДВ. УЈП соопшти дека даночните службеници спречиле плаќање на вкупно 160.117.122 денари, а за персонален данок вкупно 18.969.998 денари. Според Лукаревска, три фирми од липковско-кумановскиот регион, регистрирани во централниот регистар со дејности на деривати, приложиле фиктивни фактури за промет на нафта без лиценца од РКЕ, ниту продажни места за горива на мало, ниту магацини со цистерни, ниту залихи за продажба на гориво на големо.

Овластените вработени во УЈП извршиле три проверки по основ на ДДВ и една проверка по основ на персонален данок на доход, инспекциска проверка на состојбата на резервите, односно попис.

„Веќе 6 месеци по ред се вршат контроли за овие три компании кои работат во регионот на Липково и Куманово. Првата фирма во истрагата, откако со фиктивни фактури се обидела да врати 79.350.190 денари ДДВ, го сменила сопственикот, на државјанин од Хрватска. Втората фирма под истрага, откако се обидела да изнуди 26.090.205 денари, ја променила сопственоста на косовски државјанин. Третата фирма која имала ист почетен сопственик како и првата откако креирала фиктивни повратни фактури на ДДВ во износ од 54.676.727 денари, го преименувала сопственикот со друг државјанин на Косово“, велат од УЈП.

Доказите, како што рече Лукаревска се предадени на истражните органи за понатамошно постапување. Од УЈП велат дека на 15.11.2023 година поднеле пријава до Јавното обвинителство и МВР а на 01.12.2023 година до Управата за финансиска полиција поднеле пријава. Од овие три органи се уште не споделуваат со јавноста за преземените мерки, но велат дека ги разгледуваат досиејата за понатамошно постапување.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драма на Закинтос: Наместо вода, од чешмите тече нафта, луѓето бараат вонредна состојба

Следно

Променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop