МВР го потврди пукањето врз таткото на исчезнатиот Самоил

July 7, 2023
1 min read

Од МВР велат дека повредениот е пренесен во болница, а полицијата на терен презема мерки за расчистување на случајот

Полицијата потврди дека утринава во 08:38 часот, во скопската населба Аеродром, е пукано врз Љупчо Костадиновски – татко на исчезнатиот Самоил.

Од МВР велат дека повредениот е пренесен во болница, а полицијата на терен презема мерки за расчистување на случајот.

„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ. К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

соопшти МВР.

Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, досега во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој беше пријавен за исчезнат на 3 март.

Киднапирањето се случило во скопската општина Кисела Вода, a информации во медиумите се појавија на 6 март, откако претходно на социјалните мрежи почнаа да кружат повици тој да биде пронајден бидејќи му се изгубила секаква трага.

Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.

Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Америка вечна да е

Следно

Фон дер Лајен: ЕУ привлече речиси 100 милијарди долари инвестиција во индустријата за полуспроводници

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop