Америка вечна да е

July 7, 2023
1 min read

Водата за пиење од речиси половина славини веројатно содржат „вечни хемикалии“ кои можат да предизвикаат рак и други здравствени проблеми, обелодени нова владина студија.

Синтетичките соединенија познати како PFAS ја загадуваат водата за пиење (во различни размери) и во големите градови и малите градови – и во приватните бунари и во јавните водоводни системи, соопшти Геолошкиот завод.

Ова е прва студија која ја тестира на PFAS и во регулираните и во  приватните извори и се надоврзува на претходните сознанија дека овие хемикалии се масовно распространети, во производи за широка потрошувачка како нелепливи тави, пакување храна, облека, противпожарни апарати…. и се пробиваат до залихите на вода.

Позитивните примероци содржеа дури девет варијанти на PFAS елементи (ги има вкупно 32), иако повеќето имале по две.

Властите даваат препораки но сè уште не забрануваат фрлање вакви хемикалии во јавните канализациони системи.

„Треба да го третираме овој проблем онаму каде што почнува, наместо да почнеме да кочиме откако ќе направиме сообраќајка“, вели Скот Фабер, од една Работна група за животна средина. „Треба да бараме од загадувачите сами да го третираат својот отпад“.

Пред некоја недела, хемискиот гигант 3М со 10,3 милијарди долари вонсудски ги реши тужбите против него за труење со вечни хемикалии (види: Што е повечно: парите или хемикалиите?).

Пишувавме и за вечните хемикалии во Европа (види: Европа во себе има нешто вечно)

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германската разузнавачка агенција соопшти дека руската и кинеската шпионажа се зголемила во земјата

Следно

МВР го потврди пукањето врз таткото на исчезнатиот Самоил

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop