Муцунски: Поранешни амбасадори ја направија дипломатијата најслаба карика на државата- нема да дозволиме повторување на такви постапки

December 14, 2024
1 min read

За жал, недостатокот на знаење кај поранешните амбасадори и генерални конзули ја доведе дипломатијата во состојба да биде најслабата карика на државата. Мора да работиме одговорно и нема да дозволиме вакви постапувања во иднина,“ истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното гостување во Дневникот на Сител телевизија, говорејќи за индициите за потенцијални злоупотреби.

Муцунски зборуваше за работењето на дел од дипломатите, нагласувајќи дека имало сериозни постапки спротивно на законите, за кои ќе следи соодветна законска одговорност. Говорејќи за поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски, министерот информираше дека министерството е во завршна фаза од ревизијата, при што првичните наоди од финансиско-материјална точка се застрашувачки.

„Имаме амбасадори кои заборавиле кого претставуваат и дека имаат обврска да го штитат јавниот интерес. Тоа е тенденција која траела подолг период, за што мора да има институционална одговорност. Ние, како раководство на министерството, нема да дозволиме вакво нешто да се случува во иднина,“ нагласи Муцунски.

За работењето на амбасадорот и поранашен заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, министерот изрази жалење што, според него, Жерновски не прави разлика помеѓу копии од акредитивни писма и акредитивни писма. „Со дејствувањето на Жерновски, државата беше доведена во подредена положба, а нашите интереси беа нарушени. Разочаран сум што поранешен заменик министер не прави суштинска разлика помеѓу копија од акредитивни писма и акредитивни писма,“ изјави Муцунски.

Тој спомена и случај каде генерален конзул бил именуван спротивно на законот, кој експлицитно бара високо дипломатско звање за вакво именување. „Ова покажува дека правилата и процедурите не се почитувале, и за тоа ќе има одговорност во рамките на МНР, како и кривична одговорност во други институции. Ние ветуваме дека законите ќе се почитуваат, а отчетноста и одговорноста ќе бидат приоритет,“ додаде тој.

Во однос на пополнувањето на амбасадорските места во земјите од стратешки интерес, Муцунски изрази очекување дека до крајот на годината ќе бидат познати дел од потенцијалните имиња за овие позиции.

Говорејќи за предложените измени на Законот за надворешни работи, Муцунски изјави дека денес е историски ден за државата, подвлекувајќи дека предложените измени се насочени кон подигнување на квалитетот и професионалноста на дипломатијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изложби на Љупчо Бојаров „Објекти – Теракота и фузирано стакло“

Следно

Е.Пелистер го доби вечното дерби против Вардар

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop