Изложби на Љупчо Бојаров „Објекти – Теракота и фузирано стакло“

December 14, 2024
1 min read

Во Културно-информативниот центар – Скопје во вторник (17 декември 2024 година) ќе биде отворена изложбата на академскиот уметник Љупчо Бојаров „Објекти – Теракота и фузирано стакло“.

На изложбата Љупчо Бојаров ќе се претстави со објекти, изработени во теракота и фузирано стакло. Теракота, како што појаснува авторот, е прастара техника на изработка на предмети од печена глина, а фузирано стакло е понова техника на обработка на стакло. Ќе бидат претставени 25 објекти изработени оваа година.

Љупчо Бојаров е роден на 16 август 1959 година во Скопје. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1984 година и оттогаш е член на ДЛУМ. Живее и работи во Скопје. Добитник е на многубројни награди меѓу кои се и наградите од меѓународен карактер, во земјава, во Чехословачка, Шведска и Италија.

Бојаров учествувал на  голем број групни изложби во земјава и надвор, на 158 групни и меѓународни групни изложби, во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Чехословачка, Унгарија, Словачка, Шведска, Шпанија, Англија, Франција, САД, Грција, Египет, Италија и во Бугарија. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Талески: За лагите, ВМРО-ДПМНЕ најпрво ќе ја добие сметката од тутунарите

Следно

Муцунски: Поранешни амбасадори ја направија дипломатијата најслаба карика на државата- нема да дозволиме повторување на такви постапки

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop