Муцунски на форум со граѓаните: Сите ние сме различни, но споделуваме заедничка цел – подобра иднина за нас и нашите деца

March 7, 2023
1 min read

Денес во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Настаните кои ќе се реализираат во текот на март и април претставуваат транспарентна и партиципативна форма на локално ниво – алка на вклучување на граѓаните од страна на локалната самоуправа во донесувањето на заеднички одлуки кои се важни за самата заедница и за нивниот живот.

На отворањето на првиот форум, кој истовремено претставува и почеток на овој проект свое обраќање имаше градоначалникот Тимчо Муцунски кој се заблагодари на партнерите за поддршката на проектот и на граѓаните за учеството во него.

„Помеѓу нас има различни типови луѓе кои доаѓаат од различни делови на општината и од различни сфери на животот, меѓутоа сите ние споделуваме една заедничка цел, а тоа да создадеме подобра иднина за нас и за нашите деца“, истакна Муцунски во своето обраќање.

Тој додаде дека е отворен за соработка со граѓаните.

„Како градоначалник на оваа општина, јас сум решени и отворен во соработка со вас и со ваша помош да ги направиме нашите заедници посилни, поповрзани и поотпорни. Заедно можеме да ја надминеме секоја пречка и да ја постигнеме секоја цел“, нагласи тој.

Градоначалникот Муцунски потенцираше дека една од целите на ваквите активности е потранспарентна и поотворена општина, што пак е императив во секојдневното работење кој во изминатиот период е потврден со низа активности, иницијативи и проекти и  спомена дека придонесот кој граѓаните го даваат во овие форумски сесии е придонес кон подобра општина и поодбра заедница.

По завршувањето на првата форумска сесија, форумскиот циклус ќе продолжи да се реализира со уште четири форумски сесии. Форумскиот процес е отворен за сите граѓани кои преку активно учество со своите идеи и донесување одлуки ќе бидат дел од реализација на минимум 1, а максимум 3 проекти во износ од 50.000 УСД. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОВА НЕ Е НАИВНА ЛЕКВИДАЦИЈА, А ЖИЛА БЕШЕ НАЈВИСОКО ПОЗИЦИОНИРАН ВО КАРТЕЛОТ – поранешен командир во МВР со морничаво тврдење за во иднина! (ВИДЕО)

Следно

„Њујорк тајмс“: Американски разузнавачи сугерираат дека „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група

Latest from Blog

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија

Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија, кој по гласањето ќе има форма на резолуција, што не е правно обврзувачка. Во Европскиот парламент доцна синоќа беше разгледан извештајот за Србија, поднесен

Облачно со пороен локален дожд и грмежи

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за

Чудотворецот Зомер ја избра најдобрата од трите нестварни одбрани против Барса (ВИДЕО)

Интер постигна четири гола против Барселона на реваншот во Милано и мора да се нагласи дека играчите на домашниот тим беа расположени за полнење на противничката мрежа, но истовремено, избраниците на Симоне

СДСМ: Нови повисоки цени за граѓаните по истекот на мерката „замрзнати маржи“

За новите ценовни шокови со кои се соочуваат граѓаните, социјалдемократите велат дека се по мерка на маркетите и продавниците, се поради погрешната економска политика на Владта предводена од Христијан Мицкоски. Членката на

Бразилецот Жоржињо го напушта Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона, ги договорил личните услови со Фламенго и наскоро се очекува да потпиша договор, кој најверојатно ќе има важност на три години. Жоржињо,
Go toTop