МТСП: Усвоен предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

December 9, 2023
2 mins read

реклама


Министерството за труд и социјална политика информира дека денес (09.12.2023), на 206 -тата седница на Влада беше усвоен текстот на Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани кој треба да ја се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани согласно деветтиот пакет на антикризни мерки. Истиот се испраќа до Собранието со предлог да се усвои по скратена постапка и исплатата да почне од овој месец.

Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно:

реклама

– корисници на посебен додаток;

– корисници на правото на надоместок заради попреченост;

реклама

– самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;

– корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари;

реклама

– ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и

– студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари,  за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува:

            – 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;

           – 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата  на финансиската поддршка и

          -1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија,  за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералнот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.

Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема план за евакуација на жителите на Газа кон египетската граница

Следно

„Авто-пазарска Саботажа“

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop