Мостот „Беласица” ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

1 min read

реклама


ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим денеска на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.

-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие. 

реклама

ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до  завршување на градежните работи. 

реклама

Претходно

Ноќ за паметење: Бајага „го запали“ Скопје (Галерија)

Следно

Израелската армија го нападна градот Тулкарем и бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog