МОН: Навремено се започнати и извршувани активностите за изработка на учебници

September 5, 2023
1 min read

реклама



Министерството за образование и наука, укажува дека согласно законските и подзаконските акти навремено се започнати и извршувани активностите  за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма.

-Министерството нема законски механизми да влијае на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет. А, секој неуспешен повик, повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што, исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници, соопштуваат од МОН

реклама

Посочуваат дека учебникот, како едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на воспитно-образовниот процес, треба да овозможи постигнување на националните стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај учениците.

-Нагласуваме дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од. За да можеме да ја финализираме реформата, издигнувајќи го квалитетот на образованието, очекуваме од сите засегнати чинители да дадат поддршка, затоа што нашата цел, а веруваме и на сите останати – родителите, институциите, граѓаните, е учениците да стекнуваат знаења и вештини кои ќе ги направат рамноправни со нивните врсници од развиените земји, додаваат од МОН.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турам тргна да слави во стилот на Лукаку, Лаутаро веднаш му кажа НЕ! (ВИДЕО)

Следно

Македонската култура и Скопје имаат капацитет да бидат Европска престолнина на културата во 2028 година

Latest from Blog

Антонио Конте е фаворит за клупата на Манчестер јунајтед, ако Мајкл Карик добие отказ

Гласините во Италија дека Антонио Конте е главен кандидат да го замени Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед стануваат сè погласни. Таквата промена би се случила доколку од „Инеос“ решат да

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop