Ципрас: Ја преземаме одговорноста за резултатите на изборите, следи процес на реконструкција на партијата

June 25, 2023
1 min read

Лидерот на Сириза рече дека иако „претрпеа сериозен изборен пораз“, резултатот главно е „негативен и за општеството и за демократијата“, осврнувајќи се на обезбедениот влез во парламентот на три радикално десничарски партии

За Сириза се затвори голем и креативен историски циклус, циклус на позитивен придонес кон општеството и земјата, истакна лидерот на партијата Алексис Ципрас по денешниот пораз на парламентарните избори во Грција.

Тој потенцираше дека треба да се направат потребните промени за да се отвори, како што рече, нов, уште понадежен циклус.

Ципрас истакна дека партијата ја презема одговорноста за резултатите, а членовите ќе ги донесат потребните одлуки. Во целиот тој колективен процес на реконструкција на партијата, како што рече, тој ќе биде првиот што ќе се стави на располагање на партиските органи за да ја оценат неговата работа.

„Времето, за методично да работиме со цел реконструкција на партијата, не е неограничено. Временскиот период за нашето враќање се европските избори за околу една година од сега. И тоа мора успешно да се направи бидејќи тоа го бараат потребите на граѓаните“,

истакна Ципрас.

Лидерот на Сириза рече дека иако „претрпеа сериозен изборен пораз“, резултатот главно е „негативен и за општеството и за демократијата“, осврнувајќи се на обезбедениот влез во парламентот на три радикално десничарски партии.

Нова демократија со освоени 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската Сириза, е победник на денешните парламентарни избори во Грција.

Партијата победник доби 158 пратенички места, со што Киријакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада.

Мицотакис по победата на партијата изјави дека е задоволен од „сигурното мнозинство“ што го освои и вети дека ќе продолжи со клучните реформи со забрзано темпо.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис по изборните резултати: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Следно

Грција: Нова демократија е победник на изборите, Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop