Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

March 14, 2025
1 min read

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис претпладнево го соопшти новиот владин состав и досегашниот министер за национална економија и финансии Костис Хаѕидакис станува заменик-претседател на Владата, на негово место доаѓа Кирјакос Пиеракакис од Министерството за образование, каде што сега министерка ќе биде Софиа Захараки.

Промени има и во Министерствата за транспорт и инфраструктура, за животна средина и енергетика, миграција и азил, социјална кохезија и семејство, поморство, цивилна заштита и климатски кризи, како и на неколку заменик-министерски места.

Во Министерството за транспорт доаѓа Христос Димас, за енергетиката и животната средина надлежен ќе биде поранешниот државен министер Ставрос Папаставру, во Министерството за миграција и азил доаѓа Макис Воридис, за поморство надлежен ќе биде Василис Кикиљас, кој досега беше министер за цивилна заштита и климатски кризи, а на негово место доаѓа Јанис Кефалојанис.

Непроменети на нивните позиции остануваат министрите за надворешни работи, за одбрана, за внатрешни работи, за заштита на граѓаните, за здравство, за правда, за култура, за развој, за поморство, за туризам и за дигитално управување.

Новите министри и заменици утре претпладне ќе положат свечена заклетва, по што новиот владин состав ќе ја одржи првата владина седница.

Реконструкцијата на Владата е по масовните протести што пред две седмици се одржаа во Атина и низ цела Грција на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.

Последната реконструкција на Владата беше на 14 јуни минатата година по европските избори.

Владата на Нова демократија е речиси на половина од вториот мандат, откако по победата на изборите во јуни 2023 година со 40,6 отсто, доби доволен број пратеници за формирање еднопартиска Влада, а грчкиот премиер континуирано посочува дека следните избори ќе бидат во 2027 година на крајот на мандатот, отфрлајќи секакви сценарија за предвремени избори во земјата. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комесарот за одбрана на ЕУ бара приоритет за оружјето од европско производство

Следно

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop