Комесарот за одбрана на ЕУ бара приоритет за оружјето од европско производство

March 14, 2025
1 min read

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас и комесарот за одбрана, Андриус ​​Кубилиус предложија европските земји да ја намалат нивната зависност од САД за стратешки важна воена опрема, се вели во нацрт-документот до кој дојде ДПА.

Нацртот предупредува дека САД потенцијално би можеле да одлучат да ја ограничат употребата или дури и да ја запрат достапноста на клучните компоненти за воената оперативна способност, наведува ДПА.

-Единствениот начин да се надминат таквите зависности е да се развијат потребните способности преку заеднички европски одбранбени проекти, се вели во нацртот.

Иницијативата во голема мера е поттикната од војната во Украина и неодамнешното искуство на Украина за тоа како САД ја користат својата моќ како снабдувач со оружје.

Администрацијата на Трамп ги прекина испораките на оружје и споделувањето воено разузнавање откако Киев покрена приговори на американските барања поврзани со мировните преговори со Русија и не потпиша договор за суровини.

Ова предизвика стравувања дека САД би можеле да ја запрат или ограничат употребата на системи за оружје што им се доставуваат на партнерите на НАТО во иднина, особено во случај на несогласувања или конфликти.

За да се забрза европската независност, Калас и Кубилиус се залагаат за директива со која приоритет ќе биде купувањето на воена опрема од европските производители.

ЕУ, исто така, се стреми да го прошири сопствениот производствен капацитет во критичните технологии, според нацртот, јавува германската агенција.

Работата на новиот документ за безбедносна и одбранбена политика се очекува да заврши следната недела. Потоа, конечната верзија треба да биде разгледана од еврокомесарите, што би послужила како водич за лидерите на ЕУ.

Лидерите се среќаваат и на самит во Брисел в четврток и петок следната недела, каде Украина ќе биде високо на агендата.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

Следно

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop